БЕЛА НОЌ 2012
~ програма ~
Last Updated (Monday, 26 March 2012 14:09) Written by Administrator Wednesday, 14 September 2011 10:12
21:30 Плоштад Македонија | мултимедијален спектакл
K@OSMOS
GRUPO PUJA! [ESP] + Диџеј Славе (Новата Манџа од Старата школа)

Театар, музички настап, концерт, циркус, динамични спортови, танц, повеќе од 200 шоуа во Европа, Америка, Јужна и Северна, Азија...
За себе велат:
... Ние сме настанати од рефлексија, инстинкт... Oд потребата да се оживеат нештата, тоа го чуствувавме...
Нарекувајќи го нашиот акт “просторен театар”, сакаме да ја материјализираме нашата интенција да создадеме театар..таа форма може да достигне до секоја насока...
19:00 Улица Македонија
“ЦВЕТОВИ ВЕТЕРНИЦИ”

Смолисни ветерници во форма на цветови поставени долж улица Македонија, проект на архитектот Крсте.С. Џидров.
20:00 Градски Парк | Филмски маратон
CINE CITY
ноќно кино под отворено небо на огромно платно (15 x 10 м)

За љубителите на филмот, селекција на најдобрите европски филмови прикажани на минатогодишниот фестивал на европски филм СИНЕДЕЈС 2010:
1. Кавасаки Рози (драма, Чешка) 20:00
Режија: Јан Хребејк
Улоги: Ленка Власакова, Милан Микулцик,Мартин Хуба
2. Тилва Рош (драма, Србија) 21:30
Режија: Никола Лезаиќ
Улоги: Марко Тодоровиќ, Стефан Ѓорѓевиќ, Дуња Ковачевиќ
3. Ay lav yu (комедија, Турција) 23:00
Режија: Сермијан Мидјат
Улоги: Фадик Севин Атасој, Сермијан Мидјат, Кејт Гил
4. Ќе сретнеш висок згоден странец 00:30 (комедија/романтика, САД)
Режија: Вуди Ален
Улоги: Ентони Хопкинс, Наоми Вотс, Џош Бролин
5. Мисија Лондон 01:00 (комедија, Бугарија)
Режија: Димитар Митковски
Улоги: Томас Арана, Алан Форд, Ралф Браун
КИНО МИЛЕНИУМ и КИНО ФРОСИНА
24 ЧАСА БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ НА ФИЛМСКИТЕ МАРАТОНИ
Прикажување на најголемите светски филмски мегахитови како и најдобрите европски филмски остварувања од изминатиот репертоар на градското кино Милениум како и единственото арт кино Фросина.
Филмови на репертоар во кино Милениум:
1 Коли - 2 12:00
2 Механичарот 14:00
3 Ученикот на Волшебникот 16:00
4 Мармадјук 18:00
5 Лошата учителка 20:00
6 Хана 22:00
7 Јас сум бројот 4 00:30
8 Вонредни мерки 03:00
9 А –Тимот 05:30
10 Хана 08:00
11 Коли – 2 10:30
Филмови на репертоар во кино Фросина:
1 Имагинариумот на доктор Парнасус 12:00
2 Авантуристи 14:30
3 Концертот 17:00
4 Перси Џексон и Олимпијците – Крадецот на громот 19:30
5 Свештеникот 22:00
6 Битка – Лос Анѓелес 00:00
7 Гуливеровите патувања 02:30
8 Што уште сакам 04:30
9 Влез во празнина 06:30
10 Салт 09:30
11 Самотијата на простите броеви 11:30
Доколку ненамерно сте ги пропуштиле, повелете на филм! Влезот е слободен.
“У ЛИЧНА АЗБУКА”- инсталација
Проект на уметничката група IDДИ на Искра Андреева и Данило Мандиќ ширум градот.
Завршна презентација кај паркинг на Музеј на Град Скопје.
„У лична азбука“ - инсталација во урбан простор. Првенствено, улична азбука претставува азбука која се наоѓа на улиците, па така, 31 буквa од македонската кирилична азбука ќе бидат испишани на улица, тротоар или некој „градски ѕид“ во централното градско подрачје. Проектот е дискретно, лично писание на авторите, кои инспирирани од “Бушавата азбука” се обидуваат да ги означат точките во Градот, врзани со нивните лични искуства, чувства, меморија, носталгични моменти... за тие локации или за одредени зборови, што е всушност и второто значење содржано во името на овој проект.
20:00 Ширум градот | Градските улични музичари во целовечернамузичка сесија ширум градот.
STREET MUSIC SESSION во соработка со Универзална сала

20:00 Плато пред стоковна куќа “Мост”
“МИЛОНГА ВЕЧЕР”
Отворен простор за дружење и танцување на сите страстни вљубеници на аргентинското танго во соработка со неформалната групација Танго Банда.
20:00 Музеј на Град Скопје
TODAY'S ART

Видео и видео арт, концерти и диџеј настапи, цртеж, графички дизајн, филм, фотографија... Ноќ за запознавање со современата македонска уметничка сцена.
20:00 Музеј на Град Скопје
COUNTER PHOTOGRAPHY

Желбата да се долови светот невидлив за човековите очи – светот на духот. Традиционалниот јапонски пристап кон животот изразен преку изложба на фотографии на единаесетмина современи јапонски уметници.
18:00 Улица Македонија
“МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА”
Проект во соработка со Центарот за драмски уметности Т-Хаус
Изложба на постери изработени по селектирани фотографии од конкурсот “МОЈОТ ГРАД, МОЈА СЦЕНА”.
21:00 Парк пред КИЦ
Концерт на современа, етно, џез, рок,инди... музика.

“SILICON CARNE” (Дижон)
“ФОНИЈА” (Скопје)
“THE GLASSES” (Приштина)
20:00 „ЛА КАЊА” (чаршија)
“507 375 153”
Видео арт презентација Јаш Домиж (Чешка)
“BORN WITHOUT A REASON”
Видео арт презентација Милица Ракиќ (Србија)
20:00 Плато зад спомен куќата на Мајка Тереза
“ЈУЛИЈА” Театарски танц перформанс (Музеј Љубљана) инспириран од делото на Август Стриндберг “Госпоѓица Јулија”
20:00 КЦ КреАКТИВ
Изложба на фотографии, проекции на музички концерти, светлосни графити...
18:00 Рута низ градот
НОЌНА ТУРИСТИЧКА ВЕЛОСИПЕДСКА ПРОШЕТКА
Организирана велосипедска туристичка обиколка на културно историските знаменитости во Градот, со официјален туристички водич. Велосипедската ноќна прошетка тргнува од Плоштад Македонија со објаснување на сите споменици кои се наоѓаат на него. Потоа следува објаснување за еден од најважните споменици на градот, Камениот мост. Потоа по улица Македонија се запира пред меморијалниот центар на Мајка Тереза, па следува посета на Старата железиничка станица (Музеј на Град Скопје). Следна дестинација е преминување на Камениот мост и објаснување на спомениците од другата страна на реката Вардар. За последна дестинација е предвидена посета на црквата Св. Спас. Качи се на велосипед и запознај ги знаменитостите на Скопје во ноќно светло! Место на поаѓање – градски Плоштад Македонија.
21:00 Галерија 8, (чаршија)
“СЕМЕ”
Театарска претстава посветена на најмладата публика во изведба на театарска трупа “Сенки и Облаци”.
22:00 Школка, Градски Парк
МОФ Радио
Целовечерна диџеј програмана независниот интернет радип МОФ.
22:00 - 00:00 Argeadi b2b Tanimed [Beatnex]
00:00 - 01:30 Nerses Malakjan [Fat Beats]
01:30 - 0300 Frosty b2b Satelite [Digital Dance]
03:00 - 04:00 Djantrix [G.E.N.]
Галерија ДЛУМ | Дом на Армијата
“ENCHANTED BIKE”
Изложбата на тема “Опеан Велосипед” на неколку познат реномирани италијански уметници меќу кои Силвија Фосати, Луиџи Бионди, Гидо Дел Фунго, Гидо Палмеро и Летиција Стрињели во чиј фокус се наоѓа велосипедот и имагинацијата поврзана со него. Изложбата доживеа невиден успех во италијанскиот Музеј на Велосипедот,музеј посветен на светските познати велосипедисти како Фаусто Копи, Костанте Џиардењо и Џино Бартали.
Културно Информативен Центар - Скопје
“In the name of…”
"Изгубениот дел од рајот"
“Кога ангелите плачат”
Салон Империјал 1
Изложба на лик. уметник TARA(von Neudorf) (Романија)
Салон Империјал 2
Изложба на лик. уметник Нехат Бекири и изложба на лик уметник Линдита Бекири
20:00 МКЦ
LET'S DANCE!
Проект во соработка со Tiiiit! Inc
Ноќ - посветена на Дејвид Боуви
Замислете си кино на отворено во Скопје и како ве разденува гледајќи го Labyrinth. Замислете си журка во Скопје на која сите, ама баш сите играат и која трае цела ноќ, ама баш цела ноќ... и цело време, свири David Bowie. Замислете си бои, сјај, мода, глам шминка и огромна диско топка. Си замисливте? Е па сега отворете очи. Ноќ, целосно посветена на култниот Дејвид Боуви.
19:00 МКЦ Галерија
“СКОПЈЕ ВО СТРИП!”
Групна изложба на стрип и илустрација со двочасовна стрип работилница во соработка со Здружение на стрип уметници “Макстрипови”.
20:00 Универзална Сала
“МАГИЈА ЕДЕЛВАЈС”
Мини ликовно – театарски преформанс „Средба со уметникот“ и една целовечерна театарска претстава „Магија еделвајс“ во изведба на Театар 007.
ЗОО Градина Скопје
Специјална програма за деца и БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ за сите посетители.
20:00 На скалите во Градски Трговски Центар
Модна Ревија
19:00 Плато пред спомен куќата Мајка Тереза
“Гусарите од Горномаало”
Театарска претстава посветена на најмладата публика
20:30 ЈУ Дом на Културата “Кочо Рацин”
Настап на гудачкиот квартет Фор Стринг, настап на студиото за модерен балет Ребис, концерт на етно групата Ајдарет рок концерт и изложба.
20:00 Градска библиотека Браќа Миладиновци
Доделување на 100 бесплатни едногодишни членски карти,подарок 100 електронски книги, музичко - поетски перформанс со „Филип Стевановски квартет“ и група поети.
ЈСП за Вас!
Кон епицентарот на градот, каде ќе гравитираат и кулминираат безбројни концерти, изложби, инсталации, видео проекции, филмски , перфоранси, бесплатни филмски маратони, мултимедијални спектакли, само за Вас, страстни,верни, автентични,непоколебливи, искрени... ОБОЖУВАЧИ НА УМЕТНОСТА, ЈСП од 19:00 часот до раните утрински часови ширум ги отвора старите, новите едноспратни и двоспратни автобуси со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ.
Линијата бр.8 од 12:00 часот напладне , која сообраќа кон ЗОО Градината исто така ќе вози со БЕСПЛАТЕН ВЛЕЗ (се извинуваме но незнаеме дали на тој ден ќе имаме стар, нов едноспратен или двоспратен автобус).


